Ковачевски на средби со конгресмени во Вашингтон


Премиерот  Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Вашингтон оствари средба со конгресмени
На средбата со демократскиот сенатор Крис Марфи биле разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави, за европските аспирации на Македонија и за состојбите во поширокиот регион, и како истите влијаат на иднината на Западен Балкан.

Премиерот изразил благодарност за доследната политичка поддршка од страна на сенаторот Марфи за процесот на евроинтеграции на Северна Македонија, а тој возвратил дека нашата држава е ценет партнер и НАТО сојузник. Воедно, искажал поддршка за ЕУ интеграцијата, затоа што колку повеќе напредува Северна Македонија толку подобар ќе биде регионот. Дополнително, подвлекол дека Северна Македонија е препознаена како фактор на стабилност.

 

Северна Македонија изминатите години донесе повеќе мудри и храбри одлуки кои овозможија одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, и преку кои се покажа дека земјата може да функционира како вистинска мултиетничка демократија, е заклучено на средбата меѓу премиерот и конгресменот Брендан Бојл од Пенсилванија.  

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот го поздравил силниот фокус на САД кон регионот на Западен Балкан со уверување дека со заемни напори може да се создаде пријатна средина за инвестирање и креирање работни места во регионот, особено за младите луѓе, а во меѓувреме да се нудат можности за инклузивен, транспарентен економски раст, повисоки нивоа на трговија и директни инвестиции.Премиерот се заблагодарил исто така на конгресменот Бојл за неговата поддршка на земјата во носењето на најважните одлуки во изминатиот период и гласната поддршка во Претставничкиот дом за нашата евроатлантска интеграција.

Конгресменот Бојл ја нагласил целосната поддршка за следните чекори на Северна Македонија во евроинтегративниот процес, какСеверна Македонија, Бојл посочи дека е навистина горд на влијанието кое што го има македонската заедница во САД.

На средбата  со демократската конгресменка Деби Дингел од Мичиген  двајцата соговорници ја поздравиле и ја потенцирале долгата и важна врска меѓу Северна Македонија и САД.  Дингел истакнала дека како долгогодишна пријателка на нашата држава посебно е горда на придонесот на македонската заедница во Мичиген  која исклучително ја цени. Притоа, Дингел изрази целосна поддршка за справувањето со предизвиците пред кои се наоѓа Северна Македонија, а кои ќе придонесат кон развој на државата. Двајцата соговорници констатираа дека членството на нашата земја во НАТО придонесе кон безбедна и стабилна меѓународна клима не само во регионот од Западен Балкан, туку и во Европа. На средбата, воедно беше истакнато и дека членството во Алијансата и во ЕУ ефективно ќе придонесат во адресирање и надминување на многу сложени прашања, кои се значајни за одржување на светската стабилност како и економскиот развој на регионот.