Ковачевски на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј


 

Во рамки на својата посета на Истанбул, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети Вселенската патријаршија.

Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски беше примен од вселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого во срдечна атмосфера разговарал на теми од заеднички интерес.

Ковачевски го посети и се поклони во атријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, стои на сајтот на Вселенската патријаршија.