Ковачевски: МВР ќе направи проценка за „гостите“ од Бугарија


 
 

Истовремено, иницијаторот за бугарско одбележување на годишнината, Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“, сега повикува на тивко и мирно положување цвеќе „без провокации и без одговарање на провокации“. Планот им е да се соберат во 11.30 на паркингот кај Кале, напладне, во група да оддадат почит и веднаш да се вратат во Софија,  за што ја известиле македонската полиција. 

Паралелно со провокаторите во Скопје ќе дојдат и првите луѓе на бугарското МВР и на Државната агенција за национална безбедност кои во соработка со нашите служби и нашето МВР треба да обезбедат чествувањето да помине мирно и без инциденти.