Ковачевски ќе го слави 11 Октомври со Максим Димитриевски


Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализата откри дека празникот ќе го прослави заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Според него, овој празник е многу значаен за нашата историја, а потоа се осврна и на преговорите со Бугарија и членството во ЕУ.
 
-Утре е голем празник. Ние сме држава која била на вистинската страна на историјата. И сега сме на вистинската страна. Од тој пат никогаш немаме отстапено. И јас го делам чуството со македонските граѓани во однос дискурсот на сите коментари и изјави кои допираа до нас претходниот период додека се водеа разговорите со Бугарија. Тоа е чувствство како некој со нож да ви го сече стомакот. Но, на крајот на денот, вие мора да донесете одлука која се однесува на идните генерации.

 

Помеѓу мене и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и на некои нови сателити околу нив разликата е во тоа што тие сакаат преку изјави за минатото да ги направат горди, ама горди да седат сами на мала маса, како досега. Јас сакам да ги направам граѓаните горди, но да се седат на големата маса, со заштитен идентитет, рече Ковачевски.