Ковачевски и Рубин разговараа за борбата против дезинформациите

Состојбите и борбата со дезинформации, манпулација со информации како и другите закани во информатичкиот простор на Западен Балкан кои се организирани од трети земји беше тема на разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин. На оваа средба учествуваа и поглеми делегации од двете страни.
Според соговорниците, поддршката за иницијативите за борба со дезинформациите кои ја поткопуваат демократијата и националната безбедност низ целиот свет е многу важна и беше разговарано како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Зaпаден Балкан.
Премиерот Ковачевски ги посочи активностите кои Владата ги презема за справување со штетното дејство од дезинформациите и нагласи дека демократскиот свет е под постојан напад од пропагандни центри чија цел е да внесуваат страв и несигурност кај населението, да ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес и добробитот на граѓаните, да шират влијанија на трети страни.
„Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите“, нагласи премиерот Ковачевски.