Ковачевски и Мицотакис задоволни од енергетската соработка меѓу двете земји


 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на маргините на самитот на НАТО во Вилнус се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицитакис за да разговараат за односите меѓу двете земји.

Двајцата премиери биле посебно задоволни од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Грција. Ковачевски и Мицотакис истакнаа дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполис, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Премиерот Ковачевски му ја честиташе победата на неодамнешните избори на својот грчки колега Мицотакис и изрази уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Тој се заблагодарил за силната грчка поддршка на процесот на интегрирање на Македонија во Европската унија.