Ковачески од ЕСМ уверува дека нема место за паника околу струјата


Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска најави дека оваа недела се очекува да биде потпишан договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“.

Уверува дека производството е стабилно и дека во моментов нема место за паника.

Македонија се соочува со недостиг на електрична енергија поради нејзино намалено производство, додека потрошувачка на струја е зголемена.