Костовски ги повикува институциите по допрен глас да дејствуваат за Еуростандард банка


Фото: Б. Грданоски

Бизнисменот Трифун Костовски упати јавен повик до државните институции да се вклучат во истрагата околу случајот Еуростандард банка, каде што е еден од акционерите.

Тој јавниот повик го упати до претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и до Министерството за внатрешни работи.

„Ги повикувам наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас“, вели во повикот
Трифун Костовски.