Костадиновска-Стојчевска го посети македонскиот КИЦ во Тирана


Министерката за култура Бисера Костадоновска-Стојчевска, која денеска е во посета на Тирана, заедно до амбасадорот Данчо Марковски го посети македонскиот Културно-информативен центар.
 
-Денешната агенда и значаен ден за македонското културно наследство и неговата заштита, ги започнав со посета на нашата културна куќа која е симболот на пријателството и соработката која ја имаме со Албанија, објави министерката на Фејсбук.

Додава дека македонскиот Културно-информативен центар во Тирана е сидрото на македонската култура во Албанија и промотор на културниот дијалог помеѓу македонскиот и албанскиот народ. 

Посо;ува дека со директорот на македонскиот Културно-информативен центар Златко Ориѓански направиле ретроспектива на активностите и проектите кои ја одбележаа годинава, оценувајќи ја како уште една успешна година во зближувањето на двете култури и уметниците од двете држави. 

-Важно е да ја зајакнуваме меѓународната афирмација на македонската култура, тоа е стратешкиот пристап на нашата културна политика. Затоа интензивно работиме на отворање на Културно-информативни центри, кои ќе бидат значаен културен потенцијал за промоција на македонската култура и традиција, надвор од границите на нашата држава, напиша Костадоновска-Стојчевска.

Taa во Тирана ќе оствари средба со нејзината албанска колешка Елва Маргарити, а ќе ги преземе и 20.икони кои нелегално се пренесени во Албанија, претходно украдени од цркви главно од поширокиот струшки регион.