Костадинов ја потврди лошата вест дека загинал член од бендот на ДНК

Градоначалникот на Струмица, костадин Костадинов, ја објави тажната вест дека меѓу загинатите има и член на музичкиот бенд ДНК.
„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.
Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, напиша на својата социјална мрежа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Ѓорги Горгиев или уште познат во Струмица како „Џоко Тапанаро“ е 23 годишен перкусионист и тапанар од Струмица.