Костадинов: ЦО на СДСМ едногласно одлучи да се одложи оставката на Заев


Проследете ја во живо прес-конференцијата на претседавчот на Централниот одбор на СДСМ Перо Костадинов.

– Се разгледуваа актуелните случувањеа во Републиката и во партијата, рече вечерва Костадинов.

– Генералната одлука е донесена, а тоа е дека моментумот пред кој е исправена Македонија е голем и затоа е решено да се одложи оставката. ЦО едногласно донесе одлука за одложување на оставката додека не се средат состојбите во државата.

Во врска со парламентарното мнозинство било решено да продолжи по патот што е најбитен за земјава , рече Костадинов. Не смееме да си дозволиме фатализам , затоа ЦО ја донесе одлуката што е важна за граѓаните и за државата.