Корисници од неколку улици во Центар утре од 9 часот ќе немаат вода


Корисниците од улиците: „Диме Аницин“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“, „9 Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Христо Смирненски“ и „Роза Луксембург“ во Општина Центар утре ќе немаат вода поради  дефект на ул. „Диме Аницин“ 6.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе почне  во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.