Корбин: Подготвени за избори и да спречиме Брегзит без договор


Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин денеска изјави дека е подготвен да се бори на избори и оти приоритет на неговата партија е да спречи Брегзит без договор, со што навести дека би можел да го поддржи планот на премиерот Борис Џонсон за распишување на избори.

Корбин и претходно изјавуваше дека сака избори, но одредени членови на неговата партија стравуваат дека Џонсон би можел да ги искористи новите избори за Велика Британија да излезе од Европска Унија без договор, така што би го заобиколил Парламентот.

Тој по состанокот со лидерите на опозициските партии изјави дека се обединети во спротивставувањето на плановите на Џонсон за Брегзит без договор.