Конзервативците на Џонсон со убедлива предност во анкетите


Англија– Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон води убедливо во анкетите на јавното мислење во однос на опозициската Лабуристичка партија и другите партии.

Во последните пет анкети меѓу 36 и 42 проценти од гласачите би гласале за ториевците, додека меѓу 21 и 29 проценти би гласале за лабуристите.

Помеѓу 14 и 20 проценти од гласачите би гласале за либералните демократи, меѓу седум и 13 за Партијата Брегзит, а за Зелените – пет  односно шест проценти гласачи.

Анкетите беа спроведени од 25 до 31 октомври и опфатени помеѓу 1.001. до 2.004  Британци.