Контра другите држави: Сакаат до 2035 година да забранат продажба на електрични автомобили
Сојузната држава вајоминг (САД) претстави нацрт-закон со надеж дека постепено ќе ја сопре продажбата на електрични возила, почнувајќи од 2035 година.
Забележувате дека тоа е истата година, кога Калифорнија и неколку други американски држави ќе забранат продажба на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување и тоа не е случајност.
Имено, сенаторот, Џим Андерсон за Cowboy State Daily рече дека сака да се „спротивстави на забраната за продажба на нови автомобили со внатрешно согорување во државите како Калифорнија и Њујорк“.
Иако резолуцијата ја поддржуваат членовите на Претставничкиот дом и Сенатот, овде всушност се работи за подигање на свеста за тоа како некои држави, меѓу кои и Вајоминг, може негативно да влијаат на преминот кон електрични возила.

Заедничката резолуција само ги повикува жителите доброволно да ја ограничат продажбата и купувањето електрични возила, но истовремено со цел потполно да се укинат во 2035 година.
Значи, што е точно проблемот во Вајоминг со електричните возила? Прво, инфраструктурата за полнење во помалку населените држави како вајоминг, кој има помалку од 600.000 жители, нема да биде така распространета или практична како во Њујорк или Калифорнија.
Овде некои селски заедници уште немаат широкопојасен интернет, а камо ли полначи за електрични автомобили.

Но, уште поголема закана е можноста за губење голем број работни места.
Имено, Вајоминг во 2021 година произведе повеќе од 85 милиони барели сурова нафта. Во текстот на предлог-законот се спомнува дека „производството на нафта и гас долго била една од гордите и ценети индустрии на Вајоминг“ и се спомнува дека голем број работни места се обезбедуваат од таа индустрија повеќе од еден век.
„Сакам прво да се уверам дека решенијата кои некои луѓе сакаат да ги применат за ткн. климатска криза всушност се практични во вистинскиот живот“, рече сенаторот Брајан Бонер за Cowboy State Daily.
„Едноставно не сакам кога другите земји се обидуваат да наметнат технологија за која уште не сме спремни“.