Консултации за приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани во рамки на ИПА 2020

Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија денеска ќе ги отвори консултациите за приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани во рамки на претстојниот повик за предлози, Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2020, Инструмент за поддршка на граѓанското општество.
Поради пандемијата Ковид – 19, консултациите ќе се одржат онлајн од 09:00 часот – 10:30 часот.
Како што е најавено, повикот за предлози Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам и волонтирање во локалните заедници ќе биде објавен во првиот квартал од 2021 година.
Главната цел на повикот е да го поддржи зајакнувањето на младите и нивната економска независност и да го промовира активното граѓанство на младите на локално ниво преку младински активизам и волонтирање.
Три се приоритетни сектори, каде што родовата еднаквост е присутна, а ќе бидат предмет на повикот. Тоа се младински активности за подобар просперитет и иновативност во локалните заедници, младински активизам и волонтирање во подобрување на отпорноста и зазеленување на локалната заедница и младинска работа за обезбедување социјална инклузивност на локалната заедница.