Конститутивна седница на Клубот на пратенички


Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Клубот на пратенички.

Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Република Северна Македонија, составена од сите пратенички, независно на која пратеничка група припаѓаат.

Клубот на пратенички е формиран на 7 март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност – Маса за родова рамноправност, со помош на локалните партнери Македонско женско лоби, СОЖМ и Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика. Во изминатите пет години, Клубот на пратенички имаше за цел да ја разгледа постојната и да предложи нова законска регулатива во областа на родовите прашања.

Клубот на пратенички делува со заедничка и единствена цел – преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.