Конгресот издаде судска покана за Помпео за контактите со украинската Влада
Вашингтон – Три комитети на Претставничкиот дом на Конгресот, предводени од демократите, издадоа судска покана за државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во обид да го принудат да ги предаде документите поврзани со контакти со украинската Влада.
Тоа се комитетите за надворешни и разузнавачки работи, како и Надзорниот комитет, кој исто така закажа расправи за петмина функционери на Стејт департментот во текот на следните две недели.
Меѓу нив се поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мери Јованович, амбасадорот Курт Волкер, американскиот специјален претставник за Украина и американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сандленд.