Коневски: Потребата од одмазда води кон колапс на системот
„Реториката полна со омраза и поделби стана наше секојдневие. Заканите и реваншизмот се веќе редовен декор на политичката сцена и навлегоа во секоја пора од нашето општество. Постојаното заплашување и потребата за одмазда водат кон целосен колапс на системот. Наместо да ги следиме глобалните трендови и да одиме напред, нашата држава тоне сѐ подлабоко во сите сфери“, коментира поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.
Според него, политичките субјекти не покажуваат волја да ја подобрат состојбата. Напротив, нивната крајна неконструктивност не само што не носи никаков успех, туку рапидно го уништува сето она што макотрпно и со голема посветеност било создавано со години наназад.
„Треба да сфатиме дека ние сме ментори и учители на новите генерации. Она што ќе им го покажеме денес, тие тоа ќе го демонстрираат и градат утре. А, каква иднина да очекуваме од нив кога денешницата ни е толку поделена и контаминирана заради постапките и реториката на главните политички чинители? Од срце посакувам да завладеат конструктивноста и позитивната енергија со која ќе ги задржиме младите генерации во Македонија. Но, за тоа ќе мора да ја напуштиме досегашната матрица и да зачекориме по еден нов пат. Секој поединец е важен. Најголемата одмазда е кога нема одмазда, туку кога се граби напред и кога се создаваат нови успеси. Македонија мора да ја биде, од нас зависи“, пишува Коневски на својата страница на „Фејсбук“.