Кондуктер натерал да скокнат од воз патници без билет – еден загина


Уапсен е кондуктер кон натерал двајца сиромашни улични продавачи да скокнат од воз во движење затоа што немале карти.
Едниот од патниците починал откако скокнал, а другото момче е повредено.
Инцидентот се случил вчера во градот Танта во делтата на Нил во Египет, а предизвика бес кај јавноста, откако снимката како другите патници се караат со кондуктерот стана вирална.
На социјалните мрежи се бара оставка на министерот за транспорт.
Од железницата велат дека кондуктерот барал патниците да платат карти, но тие одбиле, по што тој ја отворил вратата тие да скокнат.
Кондуктерот ќе остане во притвор до крајот на истрагата.