„Конде Наст“ го потврди лансирањето на „Вог Филипини“


САД- Condé Nast го најави претстојното лансирање на 29-тото издание на Vogue, кое треба да биде со седиште на Филипините.

Глобалното списание за животен стил и мода „Вог“ ќе дебитира во Филипини во печатена и дигитална форма на англиски јазик, и со објави на своите социјални платформи во септември оваа година. Следејќи ги своите канцеларии во Тајланд и Сингапур, Condé Nast продолжува со напорите за понатамошно проширување во регионот на Југоисточна Азија со својата филијала на Филипини. Склучен е договор за лиценца со MEGA Global Licensing Incorporation (MGLI), една од најдобрите издавачки куќи во земјата која е во играта повеќе од 30 години.

„Возбудени сме што го лансиравме нашето 29-то издание на Vogue на Филипините, земја со растечки луксузен моден пазар и енергична креативна сцена“, рече во соопштението Маркус Гриндел, управен директор за лиценцирање глобални брендови на Condé Nast.

„Изданието ќе започне како дигитален медиумски бренд со месечно печатено издание и ќе послужи како возбудлив додаток на нашата глобална мрежа на Вог“. Арчи Караско, претседател и главен извршен директор на MGLI, додаде: „Филипинскиот талент е подготвен да биде примен од светот со децении и со сигурност, можам да кажам дека пазарот, исто така, конечно е подготвен“.

Вог Филипини официјално ќе биде лансиран претстојниот септември.