Концертот на „Парни ваљак“ од мај одложен за ноември
Поради реновирање на салата СЦ Јане Сандански започнувајќи од 1о мај, не е загарантирано дека салата ќе биде во состојба за одржување на концертот на Парни Ваљак, првично закажан на 18 мај.
Од таа причина, заедно со менаџментот на бендот и менаџментот на СЦ Јане Сандански, се одлучивме концертот на Парни Ваљак да го презакажеме за 30 ноември, соопшти Авалон продукција.
Сите оние кои имаат набавено влезници за 18 мај, ќе можат истите да ги искористат за концертот на 30 ноември.
Оние кои имаат купено влезници онлајн и не се во можност да присуствуваат на новиот датум, можат да испратат барање за рефундација на влезниците на [email protected]., додека оние кои имаат купено влезници од некое од продажните места, потребно е да се обратат во истите за рефундација на средствата.