Концерт под ѕвездите на Хераклеја: Фузија од музика и дожд со Ана Руцнер и Камерниот оркестар од Битола

Светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска во придружба на битолскиот Камерен оркестар, синоќа во амфитеатарот на Хераклеја Линкестис одржа спектакуларен концерт.
На првиот настап во земјава, Руцнер како специјална гостинка на Камерниот оркестар на Битола, на концертот насловен „Flowers Symphony“, го презентираше својот талент, хармонија со публиката и исклучително впечатливиот сценски настап.
На концертот присуствуваа и околу 3.000 публика, која уживаше со сите сетила, но за жал дождот кој кратко заврна го прекина концертот, а љубителите на музиката останаа “скратени“ за неколку изведби и секако музичарите “се спасија“ од враќање на сцена, што ќе беше сигурно направено повеќе од еднаш.
.
Хрватката Ана Руцнер со своето виолончело се покажа како одличен уметник, а ова секако ќе го запамети меѓу своите повеќе од 1.000 настапи во над 30 земји ширум светот. Таа е добитничка е на над 30 домашни и меѓународни признанија, позната по својот иновативен и уникатен пристап во изведбата на класичната музика, која ја збогатува со модерни и етно елементи.
Публиката ги виде нејзините настапи се вистинско музичко и визуелно доживување – хармонија меѓу традицијата и современото и имаше ретка можност да ја доживее магијата на Ана во живо, со нејзиниот впечатлив сценски настап и музика која допира до срцето.
Присутните на “Flowers Symphony“ покрај Ана Руцнер имаат ретка можност да ги слушнат и нашите Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и гостинката од Косово Зана Абази Рамадани која неколку пати има настапувано со Битолски Камерен Оркестар. (Битола Њуз)