Концерт на Владо Јаневски на 8 август во Охрид

Поп-ѕвездата Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август, во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид, во организаџиј на Прагма продукција.
Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата, ќе оживеат балади кои се дел од колективната емоција – „Црно Тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и Негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме.
Во градот каде што секоја калдрма има приказна, а секој здив е исполнет со историја и убавина, Владо ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика која го следи и сака со генерации. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера, ќе биде идеалната сценографија за едно вечерно музичко патување низ безвременските хитови на овој врвен уметник.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.