Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ посветен на трагедичниот настан во Кочани


Мандолинскиот орекстар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагедичниот настан во Кочани.

На програмата сe композиции и оперски арии од В.А.Моцарт, Ж.Бизе, Ф.Тости, Љ.Бранѓолица, Ф.Лехар, Џ.Верди, Ф.Шуберт, Г.Коларовски, П.Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски-тенор, Александра Коцевска-мецосопран и Горан Начевски-баритон.

Како што информираат од Мандолинскиот орекстар „Скопје“, на влезот на Музејот ќе може да се донират по минимум 200 денари и сите средства ќе бидат исклучиво наменети за настраданите во трагедијата во Кочани.