Концерт на Елена Стојчевска и Роман Петио во Американската катедрала на Париз 


 

Македонската флејтистка Елена Стојчевска и гитаристот Роман Петио денес ќе одржат концерт во Американската катедрала на Париз, јави дописникот на МИА.

Стојческа и Петио го формираа Duo SoliPse во 2011 година. Тие редовно настапуваат во Франција и во различни европски земји, особено на фестивалите „Охридско лето“ во Северна Македонија, „Сараевска зима“ во Босна и Херцеговина, „ Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромежиж во Чешка, фестивалот во Сагона, Ароманш, Класична недела во Лавоар, во Музејот Скријабин во Москва, Кралскиот музеј за ликовни уметности во Брисел итн.

Формацијата на флејта/гитара ги стекна своите успеси и блескање благодарение на Астор Пјацола и неговата историја на тангото, сосема е природно што Duo SoliPse се потпира со наклонетост кон репертоарите од 20-от и 21-от век. Тие секогаш сакаат да промовираат современи композитори и особено ја изведуваат музиката на Доина Ротару, Масимилијано Месиери, Тору Такемицу, Винсент Еро, Лоренс Шер и Едисон Денисов.

Другото лице на Duo SoliPse е откриено во музика од народната инспирација која се движи од Балканот до Јужна Америка преку Индија со композитори како Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар…

Во тесна соработка со композиторите, тие се особено посветени на Liebes-Lied и A Dream in a Dream на италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, но и на Capriccioso од американскиот композитор Лоренс Шер.

Пред публиката во Американската катедрала во Париз, како што е најавени, тие ќе ја изведат: Историја на тангото, А. Пјацолам  Бордел 1900 – Кафе 1930 – Ноќен клуб 1960 – Денешниот концерт, Во пустината останува мирот, Ж.Ц. Розас, Астуриас, И. Албениз, Шест антички епиграфи, Ц. Дебиси (извадок) и Македонски пиеси,  на Мирослав Тадиќ.