Концерт на „Екс Македониум“ во Музеј на македонска борба


 

Класичното камерно дуо Екс Македоникум“ вечерва ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба.

На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело Арпеџоне“ од Ф. Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Р. Шуман, како и Медитација од Ж. Масне.

Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски, на виолончело и Димитар Ганчевски, на пијано. Влезот за концертот е бесплатен.