Концерт на џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод Светскиот ден на радиото
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/radio-3-1-768x473-1.jpg)
Во книжарницата на Литература.мк во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи музичка вечер посветена на Светскиот ден на радиото. Ќе настапат Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Виктор Филиповски и Горан Гешовски.
– Во соработка со „Џез ФМ“, може да уживате во магични џез-изведби што ја слават силата и убавината на радиото! – велат организаторите.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на 100,8 фм и онлајн на jazzfm.mk.