Концерт на „Ченг дуо“ во Филхармонија

Брајан и Силви Ченг, еминентното музичко дуо ќе настапат вечерва во Камерната сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот. На програмата ќе се најдат дела од Дебиси, Равел, Де Фаља, Цинцадзе и Шостакович.
Дуото Cheng² Duo, активни на меѓународната сцена, има издадено четири албуми, а нивниот последен проект, Portrait (Centrediscs, 2023), беше номиниран за престижната JUNO награда (2024).
Нивните настапи се опишани како „блескави“ и „апсолутно зачудувачки“, а уметничката публика во Скопје ќе има можност да ја доживее нивната хармонија и длабоко проникнато музичко изразување.
Брајан Ченг (виолончело) и Силви Ченг (пијано) со години создаваат иновативни концертни програми, истражувајќи традиционални и современи музички стилови, комбинирајќи класична музика со џез, поезија и визуелни уметности.