Концерт „Музика за 30 прсти“ на „Есенски музички свечености“
Во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“ вечер од 19 часот во фоајето на Национална опера и балет концерт ќе имаат пијанистките Сара Пројковска, Марија Вршкова и Елена Атанасовска-Ивановска.
На програмата на концертот, насловен „Музика за 30 прсти“, се дела од Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Влезот е слободен, но со ограничен број на публика и со претходна најава на телефоните 3165 064 и 3222 341 најдоцна до денеска во 11 часот или на електронската адреса: [email protected].
Концертот се организира со почитување на здравствените протоколи за јавни настани.