„Комунална хигиена“ повторно чисти градски депонии во Чаир, Центар и во Бутел


Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел.

Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на улицата „Васил Ѓорѓов“ во населбата Капиштец, во општината Центар.

Воедно, во рамките на третата смена е расчистена и обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата Визбегово.