Комунална хигиена почна да го чисти просторот под Железничка


Инспекторатот на град Скопје го задолжи ЈП „Комунална хигиена“ просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен.

Како што информираат од Инспекторатот, известени се Центарот за социјални грижи и Инспекторатот на општина Аеродром – градежна инспекција за отстранување на изградените импровизирани живеалишта бидејќи Инспекторатот на град Скопје нема надлежност да отстранува градби и згрижува луѓе.