„Комунална хигиена“ доби 650.000 евра за набавка на нови контејнери


Фото: Б. Грданоски

Скопје не изгледа почисто од претходно, со нови и чисти контејнери, кои се наместени за граѓаните да мора да ги користат за одлагање комуналне отпад, а многу граѓани во Скопје, се жалат дека од „Комунална хигиена“ сѐ уште не ги празант доволно често. 

Сликите од искршени и распаднати контејнери, кои сами претставуваат ѓубре, а не пак да собираат ново е секојдневна слика, на речиси секоја улица или булевар. 

многумина посочуваа дека на толку изградени згради, онаму каде претходно имало бараки, бројот на контејнери е ист, што не ги задоволува потребите на новонаселените, па контејнерите се полнат пребрзо. 

Можеби оваа слика ќе се промени наскоро, затоа што денеска Градот Скопје одлучи да го субвенционира комуналното претпријатие во Скопје.

Градот Скопје ќе го субвенционира ЈП „Комунална хигиена“ со 40 милиони денари, нешто повеќе од 650.000 евра, за набавка таканаречени „мали“ контејнери, со зафатнина од метар кубен.

На денешната седница на Советот на Град Скопје, беше донесена оваа одлука.

Колку време ќе чекаме на новите контејнери и каде ќе бидат заменети или донесени нови, останува да видиме.