„Комунална“ го прекршува законот – Здружението на млади правници покрена иницијативна за итни мерки и инспекциски надзор


Фото: Б. Грданоски

Здружението на млади правници поднесе иницијатива за инспекциски надзор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје и бара итни мерки за хаосот кој со денови го живеат скопјани. 

– Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје има законска обврска да обезбеди континуирано и квалитетно собирање на отпадот. Нивното непостапување претставува повреда на повеќе закони и сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина, заради што МЗМП поднесе иницијатива за инспекциски надзор и бара итни мерки, велат од здружението. 

Потсетуваат дека секој граѓанин има право на чиста и безбедна животна средина и може да реагира кога институциите не ја извршуваат својата должност.

– Доколку ви се потребни насоки за составување на писмени поднесоци, барања, претставки или реакции, погледнете ги наведените примероци на следниов линк, велат од Здружението на млади правници.