Комплетирани сите НБА плејоф парови за оваа сезона


Мајами Хит и Мемфис Гризлис се последните два тима кои се квалификуваа за овогодинешниот НБА плеј-оф.

И двата клуба своето место го обезбедија преку плеј-ин турнирот и сега ги очекуваат натпревари против првопласираните тимови во нивните конференции.

Двојки во НБА плејофот:

Западна конференција:

Оклахома Сити Тандер (1) – Мемфис Гризлис (8)

Денвер Нагетс (4) – Лос Анџелес Клиперс (5)

Лос Анџелес Лејкерс (3) – Минесота Тимбервулвс (6)

Хјустон Рокетс (2) – Голден Стејт Вориорс (7)

Источна конференција:

Кливленд Кавалирс (1) – Мајами Хит (8)

Индијана Пејсерс (4) – Милвоки Бакс (5)

Њујорк Никс (3) – Детроит Пистонс (6)

Бостон Селтикс (2) – Орландо Меџик (7).