Компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски отвори подружница во Македонија


 

Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија, јави Призма.

Фирмата „Рамбл клауд“ е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се самиот Павловски и Брандон Александрофф, пишува порталот.

Павловски е близок и до луѓето кои сега Трамп ги постави на важни позиции. Летоска, кратко по изборот на новата македонска влада допатува во Скопје заедно со Девин Нунес, директор на „Трамп медиа“, кој сега е именуван за претседавач на Советодавниот одбор за разузнавање на претседателот.

Со нив беше и Хауард Лутник, сопственик на инвестициската компанија „Кантор Фицџералд“, кого Трамп го назначи за секретар за трговија.

Тие беа пречекани од повеќе министри, од премиерот Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и веднаш беше најавена соработка, пишува Призма.