Компанијата „Мармарис“ донираше 10 столици за вадење крв на Гинекологија – Чаир


Денес, во просториите на Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир беше реализирана вредна донација од страна на компанијата „Мармарис“, преку  со цел подобрување на условите за пациентките и поддршка на работата на медицинскиот персонал.

Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, кои ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури.

Градоначалникот Висар Ганиу се заблагодари на компанијата Мармарис и на Јусуф Алиу за овој значаен чин на солидарност, оценувајќи ја нивната чувствителност и посветеност кон потребите на јавните здравствени установи. 

Оваа донација претставува јасен пример за интеринституционална соработка и улогата што приватниот сектор може да ја има во јакнење на јавните услуги во корист на граѓаните.