Комеморација за Соња Каранџуловска на 29 мај во МНТ

Комеморацијата за актерката Соња Каранџуловска (1948-2025) ќе се одржи на 29 мај (четврток) во 12 часот во Македонскиот народен театар, соопшти театарот.

Од МНТ велат дека Каранџуловска, пленеше на сцената со голема жар, со огромна амбиција кон големите дела и со беспрекорната работливост што ја красеше, а енергијата ја пренесуваше од сцената кон публиката и телевизискиот/филмскиот екран.