Комеморација за Сара Пројковска в среда на ФМУ

Факултетот за музичка уметност – Скопје соопшти дека во среда, 26 март, во Концертната сала на Факултетот ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.
Сара загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал.
Покрај Сара, во Кочани загинаа и членовите на ДНК – клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и пејачот Андреј Ѓорѓиевски.
Во пожарот во дискотеката во Кочани во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.