Kомеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип


Од Центарот за култура Штип известуваат дека во претстојниот петок во Народен театар – Штип во заедничка организација со ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и НУЦК „Ацо Шопов” – Штип ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот и непреболен м-р Филип Стевановски.Комеморацијата е во 12 часот.

Стевановски беше директор на Центарот за култура во Штип и дел од бендот ДНК. Трагично настрада во пожарот во кочанската дискотека за време на настапот.