Колку се променила дефиницијата за „спорт“ со текот на времето?
Дефинирањето на спортот како поим изгледа мошне едноставно денес, но неговото значење суштински се менувало низ историјата. Начинот на кој луѓето го разбирале спортот во античката цивилизација во огромна мера се разликува од тоа како на спортот се гледа од денешна перспектива.
Денес спортот израсна од обично физичко натпреварување во моќна светска индустрија што опфаќа сила, умешност, тактика и многу други специфични вештини. Пазарот е развиен до тој степен што паралелно со него брзо напредуваат и други области, меѓу кои е и онлајн спортското обложување. Овој сегмент забележува забрзан раст на Балканот. На пример, се очекува дека спортско обложување во Србија во 2025 година ќе донесе околу 118,19 милиони американски долари. Во Северна Македонија бројките исто така растат од година во година и може да достигнат 27,99 милиони долари во 2025.
Сето ова е поврзано со напредокот на самиот спорт. Денешната содржина на поимот „спорт“ е многу поширока отколку пред стотици години. Затоа вреди да се разгледа развојот на овој поим — што опфаќал во минатото и што вклучува денес.
Антички почетоци – спортот како физичка активност
Во самите почетоци, спортот бил незамислив без физички способности. Во античко време, спортските натпреварувања биле користени за демонстрирање на сила, издржливост и вештини – особини кои се сметале за есенцијални за преживување и висок општествен статус.
Во некои древни цивилизации, како Египет, постоеле боречки практики и тренинг со оружје, кои служеле за воена подготовка. Иако не биле спорт во современата смисла, овие активности го поставиле темелот на подоцнежните боречки и технички дисциплини. Во Грција пак, спортот започнал да се организира во формални рамки со првите древни Олимписки игри во 776 година п.н.е. Дисциплините како трчање, фрлање диск, борење и панкратион биле сметани како начин да се прикаже физичката надмоќ на поединците. За Грците, спортот не бил само забава туку и величење на човековите потенцијал и дисциплина. Исто така во Кина, боречките вештини биле наменети за тренинг на телото за воени и граѓански обврски.
Средновековни и ренесансни трансформации
Со напредокот на цивилизацијата, напредуваа и физичките и рекреативните активности на населението. Во Средниот Век, преку спортот се рефлектирале и социјалните разлики и хиерархијата. Оние со повисок општествен статус се занимавале со спортови како мечување кое се поврзувало со воена обука, додека оние од пониската класа играле фудбал, кој често бил хаотичен и валкан, некогаш дури и забрануван поради прекумерното насилство.
Ренесансата донела промени и во спортот. Се појавиле спортови како ловење и тенис кои служеле како рекреација, додека мечувањето станало поелегантно. Сепак, поимањето на спортот и понатаму било тесно поврзано со физичките способности на учесниците, додека менталниот аспект се уште останал незабележлив. И покрај тоа, темелите на модерните промени биле воспоставени во форма на правила на игрите, институциите во чија надлежност било организирањето на спортските настани и пред сѐ присуството на публика.
Спортот како организирано натпреварување
Деветнаесетиот и дваесетиот век донесоа револуција во начинот на кој спортот е перцепиран. Индустријализацијата доведе до урбанизација, технологијата до олеснување на комуникацијата што пак доведе и до поголема стандардизација во спортот.
Веројатно најзначајниот спортски настан и своевидна пресвртница беа првите модерни Олимписки игри кои се одржаа во Атина во 1896 година. Оттогаш, се појавија јасни правила во секој од спортовите, националните лиги, како и меѓународните натпреварувања. Со воспоставувањето на Олимписките игри, спортот започна да се поврзува со идентитетот, националната гордност и професионализмот.
Во 1930 година, во Уругвај, се одржа првото Светско Првенство во фудбал издигнувајќи го фудбалот како најпопуларниот спорт на светот, примат кој го носи речиси цел век подоцна.
Во последните неколку децении од 20. век, статусот на спортистите прерасна од лица со неверојатни атлетски резултати и можности, во вистински ѕвезди кои спаѓаат помеѓу најпопуларните личности на светот.
Покрај професионализацијата, во втората половина на 20. век поимот „спорт“ почна значително да се проширува. Во него почнаа да се вклучуваат дисциплини кои бараат интелектуални способности, како и спортови што се појавија благодарение на технолошкиот и културниот развој:
- Интелектуални спортови: шахот е признаен од Меѓународниот олимписки комитет во 1999 година како спорт; спортскиот бриџ е единствената официјално признаена игра со карти со статус на спорт.
- Мотоспорт и автоспорт: со технолошкиот напредок се појавија модерните трки. Првиот официјален шампионат во Формула 1 започна во 1950 година, а Светскиот шампионат во мотоциклизам (MotoGP) во 1949 година.
- Екстремни и улични спортови: скејтбординг има организирани натпреварувања од 1960-тите години; сноубордингот стана олимписки спорт во 1998 година; BMX влезе во програмата на Летните Олимписки игри во 2008 година.
Појавувањето на е-спортот
Последната, и веројатно најголемата трансформација во спортот, се случи во изминатите неколку години со појавата на е-спортот. Натпреварувањата во видео игрите започнаа да се популаризираат во почетокот на 21. век, но доживеаја вистинска експанзија во последната декада. Денеска, е-спортовите полнат стадиони, привлекуваат милиони гледачи ширум светот и играчите ги применуваат истите принципи на подготовка како и останатите спортисти.
Држави како Јужна Кореја, САД, Германија, Франција и Кина целосно или делумно ги признале е-спортовите како спортови. Веќе се формирани меѓународни федерации и е-спортот станува предмет на дискусија и во Меѓународниот Олимписки Комитет.
Со развојот на е-спортот се наметна и потреба за редифинирање на самиот поим „спорт“. Дали тоа се уште сѐ само физички активности и вештини? Дали е доволен само натпреварувачкиот елемент? Дали публиката го кажува последниот збор?
Како и да е, факт е дека е-спортот даде една нова димензија на глобалната спортска сцена, со што и дефинитивно спортот не е она што бил во минатото.