Колку проектили и останаа на Русија?
Тврдењата на Западот дека на Русија и снемува напредни, високопрецизни ракети се појавија во март, но по повеќе од 10 месеци сеопфатната војна, руските проектили продолжуваат да паѓаат врз украинските градови.
Прашањето колку од нив останаа, стана особено остро во изминатите три месеци, кога Русија почна да ја напаѓа енергетската мрежа на Украина со масовни напади. За овие напади користеа ракети со различен опсег, некои пренаменети од нивната примарна употреба, поддржани од ирански камикази беспилотни летала. Краткиот одговор е дека никој надвор од Русија нема неспорни бројки за нејзините резерви и стапки на производство.
Многу проценки се согласуваат за едно: руските стратешки бомбардирања се одвиваат со неодржливо ниво. Ако продолжи вака, Русија би требало да дојде до точка каде што повеќе нема да може да изведува масовни напади на секои една до две недели, дури и ако продолжи да навлегува во своите стратешки резерви. Украина вели дека во оваа точка ќе стигне само по три масовни удари.
Но, Русија нема да снема проектили за стрелање, дури и ако нејзините резерви се навистина толку ниски. Досега, таа можеше да продолжи со производство на модерни крстосувачки ракети и покрај санкциите и наводно има план да набавува ракети, покрај беспилотните летала, од Иран. Накратко, ракетните напади ќе продолжат, но тие наскоро може да станат поретки и беспилотните летала можеби ќе треба да носат потешки товари. Но, за да ги постигне своите стратешки цели за бомбардирање – да го уништи енергетскиот систем на Украина – Русија треба да може да ја погоди Украина колку што може почесто.
Украински проценки
Најдеталното тврдење на Украина за ракетната ситуација на Русија е содржано во графиконот што го твитна министерот за одбрана Олекси Резников на 22 ноември, со кој се тврди дека ја покажува разликата во рускиот арсенал помеѓу 23 февруари, пред целосната инвазија, и 18 ноември.

Табелата вели дека Русија од 900 балистички ракети „Искандер“ стигнала до 119, при што произвела само 48 нови во овој период. Резников тврдеше дека Русија потрошила 391 од своите 500 крстосувачки ракети „Калибр“, додека направила 120 нови. Од крстаречки ракети Kh-101 биле употребени 132, додека 144 биле оставени во залиха, а 120 новопроизведени.
Според Резников, Русија користела и половина од залихите од 300 крстаречки ракети Kh-555, како и 16 од своите 42 балистички ракети „Кинжал“, иако изградила уште 16 за да ги замени. Противбродските проектили како Оникс се пренаменети да гаѓаат и врз украински копнени цели. Табелата на Резников вели дека Русија користела 123 од залихите од 470.
Табелата на Резников брзо стана застарена бидејќи Русија лансираше стотици проектили кон Украина во текот на декември.Во поновата изјава на 4 јануари, Вадим Скибицки, портпарол на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана, рече дека на Русија и останале доволно напредни проектили за да може да изведе три масовни напади, доколку при секој користи околу 80 проектили. Слични проценки повторија и други украински официјални лица.
После тоа, рече Скибицки, Русија ќе биде заглавена чекајќи фабриките да испумпаат доволно за секој следен напад – со брзина од околу 50 крстосувачки ракети произведени месечно. Што се однесува до балистичките ракети, началникот на военото разузнавање Кирило Буданов рече дека Русија едвај произведува нов Искандер. Стапката на производство за Кинжал проектилите се чини дека е исто така ниска, според Министерството за одбрана.
На шпекулациите Русија одговори брзо. Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во декември изјави дека земјата ќе го зголеми производството на оружје од новата генерација. Москва на 29 декември се пофали дека никогаш нема да остане без „Калибри“. Во изјавата не се споменуваат други видови, но рускиот претседател Владимир Путин постојано зборуваше за развој на нови хиперсонични оружја.
Русија потоа продолжи да ја бомбардира Украина во текот на новогодишниот празничен викенд. Оттогаш, речиси две недели поминаа без масовен напад. Но, Наталија Хумениук, портпаролката на јужната оперативна команда на Украина, на 11 декември рече дека Русија се подготвува да изврши уште еден масивен ракетен напад многу наскоро. Русија потоа продолжи да ја бомбардира Украина во текот на новогодишниот празничен викенд. Проценките на Украина треба да се земат со резерва. Тоа е еден од директните учесници во војната и нејзината одбрана се потпира на контрола на информациите и способноста да привлече воена помош од други земји.
Сепак, разузнавањето на Украина излезе со некои од најпесимистичките проценки за тоа колку брзо Русија може да направи крстаречки ракети. Постојат и јавно достапни индиции за начинот на кој Русија ги користи своите ракети кои укажуваат на исцрпување на залихите.
На почетокот на инвазијата во полн обем, најмодерните проектили се користеа во голем број. Со текот на времето, Русија почна да напаѓа со постари модели, уште помалку точни и од советско време. Анализата на Фондацијата Џејмстаун вели дека некои советски ракети што ги користи Русија повеќе не се репродуцираат, додека други се направени во многу мал број.
Руските сили, исто така, ги пренаменија противбродските ракети како Оникс и противвоздушните ракети како С-300 за да напаѓаат копнени цели, што сугерира дека се принудени да го користат она што го имаат. Неколку истраги делумно го поддржуваат тврдењето дека во последно време Русија користи ракети кои биле произведени оваа година, што може да укажува на проблеми со залихите.
Тим од Conflict Armament Research, британска истражна организација која ги следи набавките на оружје, анализираше делови од напад на 23 ноември – три проектили беа Kh-101 чии сериски броеви покажуваат дека биле произведени само неколку месеци пред нападот. Ова можеби е симптоматично за предизвиците за складирање на крстосувачките ракети, но Русија сè уште е во состојба да ги произведува.
Long War Journal, американска публикација што известува и анализира војни, ги испита фотографираните сериски броеви од 16 соборени Kh-101, од кои шест се смета дека се направени во 2022 година. Според анализата, најконзервативната проценка е дека Русија може да произведува по една ракета Kh-101 на секои четири дена. Џејмстаун процени дека максималниот годишен производствен капацитет на Русија веројатно нема да биде поголем од вкупно 225 ракети, што ги вклучува крстосувачките ракети Оникс, Калибр, Кх-101, 9М729 и Кх-59 и балистичките ракети Искандер-М.
Во јунскиот напис од Центарот за анализа на европската политика се наведува дека во руските ракетни фабрики се работи прекувремено. Ова ја вклучува фабриката Новатор, која произведуваше до 120 Калибри и неколку десетици Искандери годишно пред целосната инвазија. Тука е и фабриката Воткинск, која ги произведува ракетите Искандер, Јар и Булава, чие производство порасна од 50 на 60 проектили годишно во 2022 година. Ова се пооптимистички проценки од оние на Украина, чие воено разузнавање соопшти дека Русија прави 30 Kh-101 за еден месец, заедно со 20 Калибри.
Русија, исто така, се надеваше дека ќе добие балистички ракети од Иран, чија воена доктрина е централизирана околу ракетите и беспилотните летала и има производствена програма за двете.Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека односите на Русија со Иран стануваат „одбранбено партнерство од целосен обем“, при што Русија обезбедува напредна технологија за Иран. И покрај првичното негирање, Иран и достави на Русија стотици беспилотни летала камикази Шахед-136 и Шахед-131 кои беа користени за напади на украинските градови.
Сепак, израелските разузнавачки претставници минатиот месец соопштија дека Иран сака да го ограничи дострелот на ракетите што планира да ги испрати во Русија. Минатиот месец, советникот на украинскиот претседателски кабинет, Михаило Подољак, рече дека Иран сè уште не и ги испорачал ракетите на Русија и дека се колеба поради дипломатскиот притисок, заканата од дополнителни санкции и внатрешните политички судири.
Како Русија ги избегнува санкциите?
Најнапредните и најпрецизни проектили бараат напредна електроника. Воведени се санкции на Русија за да се ограничи нејзиниот пристап до оваа технологија. И покрај тоа, се чини дека Русија можеше да продолжи да произведува оружје. Одбранбената разузнавачка компанија „Џејнс„ изјави за „Њујорк Тајмс“ дека Русија веројатно складирала микрочипови пред февруари 2022 година. Според извештај од август на Кралскиот институт за Обединети услуги, повеќе од 450 делови од странско производство се пронајдени во руско оружје во Украина, купено од САД, Европа и Азија во годините пред инвазијата. Многу од микроелектрониката пронајдена во оружјето била прилично стара. Западни делови се пронајдени и во иранските беспилотни летала Шахед.
Покрај тоа, Русија веројатно успеала целосно да ги заобиколи ограничувањата. Ројтерс ги наведе руските царински записи според кои најмалку 2,6 милијарди долари компјутерски и други електронски компоненти се слеале во Русија во 2022 година, од кои најмалку 777 милиони долари биле од западни фирми, чии чипови се пронајдени во руските системи за оружје. Посредниците вклучија фирми во Турција, Хонг Конг и други места, но дури имало и царински записи кои покажуваат испораки на компоненти директно од ЕУ. Европската комисија не одговори на прашањата на Ројтерс, но тврдеше дека сериозно го сфаќа прашањето. Накратко, извозните контроли не беа доволно ефективни за да ја спречат Русија да ги добие потребните делови за да изгради понапредни ракети.
Москва не даде никакви индикации дека планира да престане со ударите на украинската инфраструктура. Но, ограничените ресурси може да ја намалат зачестеноста на нападите или да ја принудат Русија да ја промени својата стратегија.