Колку пари изгуби вчера Илон Маск?


„Колку изгубија Илон Маск и Тесла денес?“ беше еден од најпребаруваните термини на Гугл вчера, кога главните берзански индекси на Волстрит драстично паднаа.

Вчера најмногу падна индексот на технолошкиот сектор S&P 500, во просек за 4,4 отсто, а меѓу најголемите губитници беше акцијата на Tesla, чија цена падна за повеќе од 15 отсто.

Зошто паѓаат акциите на Tesla?
Откако извршниот директор на Tesla, Илон Маск, му се приклучи на тимот на Трамп во средината на декември, цената на акцијата на Tesla падна за повеќе од 50 отсто, бришејќи 800 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.

Акциите на Tesla паднаа за 55% од нивниот врв по претседателските избори во 2024 година. Само во понеделникот Tesla изгуби 16% од својата вредност.

Главните причини за овој пад се:

– Бојкот на Маск и неговите автомобили во неколку земји, особено во Европа, каде што продажбата опаѓа
– Расте конкуренција од кинески и европски производители на електрични возила 
– Во јануари 2025 година, продажбата на Tesla во Европа падна за 45%, додека конкурентите го зголемија својот удел на пазарот.

Колку изгуби Маск вчера?
Според Форбс, богатството на Маск е намалено за 139,4 милијарди долари од највисокото ниво од 464 милијарди долари во декември.

Неговото моментално богатство е 324,6 милијарди долари, а само во понеделникот загуби 18 милијарди долари поради падот на акциите на Тесла.

И покрај овие загуби, Маск останува најбогатиот човек во светот, со водство од околу 115 милијарди долари пред неговиот најблизок конкурент.