Колкаво богатство остави зад себе Џин Хекман?
Трае полициската истрага во врска со смртта на филмската легенда Џин Хекман кој беше пронајден мртов во својот дом во градот Санта Фе во американската сојузна држава Ново Мексико, заедно со неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава. И нивното куче било пронајдено мртво.
Полицијата во округот Санта Фе вчера попладне ги откри телата на двократниот оскаровец 95 годишниот Хекман, 63-годишната Бетси и нивното куче. За сега нема потврдено некакво кривично дело, а причината за смртта не е соопштена. Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза ја потврди веста во четвртокот.
„Чекаме одобрение за да издадеме налог за претрес“, додаде Мендоза.
Во текот на неговата долга кариера, Хекман освои Оскар за најдобар актер во 1972 година за неговиот портрет на Џими „Попај“ Дојл во „Француската врска“ и уште еден за најдобра споредна машка улога за „Непростено“. Со текот на годините, тој собрал значително богатство, со вкупна нето вредност од 80 милиони долари , според Celebrity Net Worth, пренесува Mirror.
Холивудската легенда имаше кариера која опфаќа над 100 улоги во 85 филмови, како и ТВ и сценски настапи. Тој е познат и по улогата на Лекс Лутор во филмот Супермен (1978) и неговите продолженија. Хекмен глумеше во повеќе од 80 филмови, меѓу кои „Разговор“ (1974), Мисисипи Гори (1988) и Кралевите на криминалот (2001).
Покрај актерството, Хекмен напиша и објави неколку романи, меѓу кои и „Будење на ѕвездата Пердидо“ (1999) и „Потрага“ (2013). Тој се повлече од актерството во 2004 година, поради проблеми со срцето, а во последните години живееше повлечено во Ново Мексико. Тој се посвети на пишувањето и сликањето.

Актерот немаше деца со втората сопруга. Имаше три деца со својата прва сопруга Феј Малтезе – Кристофер, Елизабет и Лесли Хекман. Малтезе и Џин Хекман беа заедно од 1956 до 1986 година.