Колкаво богатство остави Тина Тарнер?


Цирих- Музичката дива во текот на својата кариера стекна огромно богатство, проценето на приближно 250 милиони долари. „Хелоу“ пишува дека Тина Тарнер го решила прашањето за својот имот години пред нејзината смрт и дека најмногу, ако не и сите пари, му ги оставила на својот сопруг Ервин Бах (67).

Меѓутоа, во 2018 година, Ајк Помладиот открил дека не разговарал со мајка си речиси 20 години.

„Тина ме одгледуваше од кога имав две години. Таа е единствената мајка која некогаш сум ја познавал“, изјавил тој за „Дејли мејл“.

„Но, не сум зборувал со мајка ми Господ знае колку долго – веројатно од 2000 година. Мислам дека и брат ми не зборувал долго со неа. Мајка ми го живее својот живот – има нов сопруг и таа е во Европа. Не сака да има ништо со минатото“, рекол тогаш.

Зборувајќи за својот брат Мајкл, Ајк Помладиот рекол дека е во установа за опоравување во Јужна Калифорнија и има потреба од медицинска помош.

„Сум бил неколкупати кај него. Супер му е. Тина не го посетува. Сѐ што таа прави е тоа што му праќа пари“, додал во таа прилика.

Музичката икона Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во Цирих, Швајцарија. Портпаролот на пејачката откри дека таа починала од природна смрт.

Легендарната американска хитмејкерка уште во 2021 година ги продаде своите музички права во голема зделка со БМГ.

Условите на договорот не беа обелоденети, но БМГ рече дека го вклучува целиот удел на Тарнер со нејзините снимки и имиџ.

Тарнер продаде над 100 милиони плочи. „Ворнер мјузик“ до крај беше издавачката куќа на добитничката на Греми, објави БМГ.

„Како и секој уметник, заштитата на моето животно дело, моето музичко наследство, е нешто лично“, рече тогаш Тарнер во соопштението објавено од БМГ, велејќи дека е „уверена“ дека нејзината работа „е во професионални и сигурни раце“.

Извршниот директор на компанијата, Хартвиг ​​Масуч, рече дека БМГ е „почестена“ да управува со интересите на Тарнер, вклучувајќи ги и евергрините “What’s Love Got To Do With It” и “Private Dancer.”

“Тоа е одговорност што ја сфаќаме сериозно и ќе ја продолжиме вредно. Таа е навистина и едноставно, најдобра”, рече Масуч.

Продажбата е дел од бумот за купување на правата на песните, бидејќи финансиските пазари се повеќе се привлечени кон профитабилните портфолија како класа на средства.

Во многу случаи, трансакциите доаѓаат по неверојатни цени.

Боб Дилан го продаде својот целосен каталог за објавување за 300 милиони долари на Универзал, додека Стиви Никс од Флитвуд Мек продаде мнозински удел во нејзиниот каталог за 100 милиони долари.

BMG, дел од медиумскиот конгломерат Бертелсман, ги претставува или ги поседува правата на работата на познатите личности, вклучувајќи ги Џон Ленон и Ринго Стар, Мик Џегер и Кит Ричардс, Курт Кобејн и Дејвид Боуви. 

Тарнер се прости од јавниот живот во мар, 2021 годинасо емотивен документарец „ТИНА“, емитуван на HBO.

 

 

 

Филмот ја следи славата на Тарнер, нејзините лични и борби во кариерата и статусот на икона во однос на заработката во 80-тите и пошироко. Документарецот донесува интервјуа со Тарнер, снимени во нејзиниот дом во Швајцарија, настапи од луѓе блиски до неа и ретки архивски снимки од нејзината кариера долга 60 години. За Тарнер зборуваат  Анџела Басет, Опра Винфри, Курт Лодер, драматургот Катори Хал, кој го напиша мјузиклот за животот на Тарнер и сопругот на Тарнер, Ервин Бах.

ТИНА го режираат Оскаровците Дан Линдзи и Т.J. Мартин) и продуцентската куќа „Лајтбокс“, од продуцентите Симон Чин и Џонатан Чин, која стоеше зад овластениот документарец за Витни Хјустон во 2018 година, Витни. Зад филмот стои и продуцентот номиниран за Еми, Дајан Бекер.

Со сопругот Бах со кого живее во Швајцарија

Освен славата, документарецот ќе го осветли и делот од приватниот живот како жртва на насилство. Во 1981 година, таа за „Пипл“ проговори за траумите што ги претрпе додека беше во брак со Ајк Тарнер, нејзиниот поранешен сопруг и музички партнер, со кого се разведе пет години пред тоа.