Колкаво богатство остави Армани и кој ќе ги наследи неговите милијарди?


Милано – Визионерот и дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст, потврди Армани Групацијата во соопштение.

„Со бескрајна тага, Армани Групацијата ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“, соопшти модната куќа со седиште во Милано.

На Армани му се припишува промената на „лицето“ и „обликот’ на модната индустрија. Тој беше познат по омекната, минималистичка, висока естетика и беше пионер и на модата на црвениот тепих и на пресекот помеѓу модата и славата.

Според Форбс, тој имал нето вредност од 12,1 милијарди долари. Во камен-темелникот на неговото богатство е модната империја Џорџо Армани, која е основана во 1975 година. Пред неговата смрт, тој беше и извршен директор и единствен акционер на компанијата. Бизнисот на Армани се прошири во музика, спорт и италијански луксузни хотели. Тој беше сопственик на италијанскиот кошаркарски клуб Олимпија Милано, имаше инвестиции во луксузни хотели и недвижности и беше сопственик на јахта од 200 стапки.

Армани немаше деца. Кратко пред неговата смрт, тој го изложи планот за наследување на својот бизнис во интервју за „Фајненшл тајмс“. Тој изјави за медиумот: „Моите планови за наследување се состојат од постепен премин на одговорностите што отсекогаш сум ги извршувал на оние што ми се најблиски… како што се Лео Дел’Орко, членовите на моето семејство и целиот работен тим“.