Колкави награди даваат земјите за освојувачите на медали на Олимпијадите?

Македонија ретко освојува медали на олимпијадите (досега од осамостојувањето само два), а последниот медал го донесе таеквондистот Дејан Георгиевски пред четири години од Токио. Тој освои сребро, а за тоа беше награден со над 40.000 евра од Владата и дополнително 10.000 евра од Македонскиот олимписки комитет, како и 1.000 долари месечно.
Но, другите земји, често ги мотивираат своите спортисти на олимпијадите со ветување за богата награда. Некои држави имаат и посебни фондови за исплата на наградите.
Прочитајте која земја набогато ги наградува своите спортисти кои ќе донесат медал од Олимијадата. Од земјите во регионот тоа е Србија со награда од 200.000 евра за спортистите и за тренерите.
Сепак, најголемата награда ја плаќа Хонг Конг, со сума од 707 илјади евра. Следува Израел со награда од 253.000 евра, додека Србија на своите златни олимпијци им доделува 200.000 евра.
Малезија и Италија нудат и високи награди од 197 илјади евра, односно 180 илјади евра.
Литванија и Молдавија ги наградуваат своите спортисти со 167.000 евра, односно 157.000 евра, додека Литванија и Унгарија нудат 143.000 евра, односно 142.000 евра. Бугарија плаќа 128 илјади евра, а Украина 115 илјади евра.
Косово нуди 110 илјади евра, Естонија 100 илјади евра, додека Чешка и Шпанија за златниот медал плаќаат 95 илјади евра, т.е. 94 илјади евра.
Овие награди служат како охрабрување и благодарност до спортистите за успесите што ги донесоа во нивните земји.