Колев нов селектор на фудбалската репрезентација до 17 години

Фудбалската федерација на Македонија го назначи денеска поранешниот фудбалер на Вардар и Силекс, Влатко Колев за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација до 17 години.
Колев седнува на селекторската клупа на местото на Драган Начевски, кој својата тренерска кариера ќе ја продолжи во кипарскиот фудбал.
Влатко Колев е носител на тренерска Про лиценца со речиси две децении искуство во работата со младински категории во домашните клубови Вардар, Работнички и Металург, а два пати е прогласуван за тренер на годината во младински фудбал.
Колев е поранешен фудбалер од шампионските генерации на Вардар и Силекс, а настапуваше и за Македонија Ѓорче Петров.