Кока-кола повлекува дел од пијалоците во Хрватска
Кока-кола објави кои пијалоци ги повлекува од продавниците во Хрватска откако таму беа потврдени два случаи на труење, а постои сомнеж уште за неколку.
„По неодамнешните настани, преземаме чекори за заштита на јавното здравје.
Привремено повлекуваме една серија Кока-Кола Оригинален вкус 500 мл во пластична амбалажа (ПЕТ) од пазарот согласно усна одлука на Државниот инспекторат на Република Хрватска, серија производи Coca-Cola Оригинален вкус, газиран безалкохолен пијалок, 500 ml PET произведен на 11 октомври 2023 година со рок на траење до 11 април 2024 година.
Иако нашата интерна анализа не покажа никакви неправилности во производството или во производите, решивме и привремено да повлечеме две ограничени серии Romerquelle Emotion боровинка калинка 330 ml во стаклена амбалажа до завршување на официјалната истрага. Станува збор за серии произведени на 27 мај 2023 година (со рок на траење до февруари 2024 година) и 22 јуни 2023 година (со рок на траење до март 2024 година).
Ние продолжуваме да соработуваме со надлежните органи и преземаме конкретни активности за заштита на нашите потрошувачи. Доколку имате производ со наведените датуми на производство, ве молиме контактирајте го нашиот Центар за потрошувачи преку е-пошта [email protected] или на телефон 0800 0455“, објави Кока-кола.