Која земја на ЕУ купува најмногу руски гас?


Од земјите на Европската унија, најмногу руски гас купуваат Франција, Унгарија и Шпанија. Тие сочинуваат повеќе од половина од вкупниот увоз од Русија, покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ, Евростат, за осум месеци од оваа година.

Евростат наведува дека од јануари до август, Русија испорачала гас во ЕУ во вредност од девет милијарди евра. Според агенцијата, Франција станала главен купувач, зголемувајќи го увозот за 30 отсто, на 1,9 милијарди евра. Унгарија падна на второто место, намалувајќи ги своите набавки за речиси една третина – на 1,6 милијарди евра. Шпанија се најде на третото место со увоз вреден 1,4 милијарди евра. Други големи купувачи се Италија (1,3 милијарди евра), Грција (919 милиони), Словачка (800 милиони) и Белгија (709 милиони).

Во исто време, увозот најмногу се зголемил во Литванија – дополнителни 41 отсто, и Финска – 36 отсто, иако купиле многу мали количини – 1,8 милиони долари и 44,3 милиони долари. Да потсетиме, Москва постојано истакнуваше дека Западот направил сериозна грешка кога се откажал од руските јаглеводороди, поради што западните земји сега мора да купуваат руска нафта и гас преку посредници и по повисоки цени.